петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четворица повредени во сообраќајка во Бутел

Четворица повредени во сообраќајка во Бутел

На 05.11.2022 во 14.45 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со улиците „Бутелска“ и „Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа во која повредени се четири лица.

Несреќата се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(54) од с.Љуботен, скопско и патничко возило „сеат кордоба“, управувано од М.П.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.Р.(55) од Скопје, сопатничка од возилото „сеат кордоба“, а возачот А.Р, сопатничка од возилото „фолксваген“, С.Р.(47) од с.Љуботен и сопатничка од возилото „сеат“, П.П.(64) од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.