сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Членовите од бендот се простија од нивниот пријател кој падна од зграда во Центар: Замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде (ФОТО)

Членовите од бендот се простија од нивниот пријател кој падна од зграда во Центар: Замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи соопшти дека трагичниот настан во кој две лица, момче и девојка паднале од зграда се случил вчера во 12.57 минути на булеварот Климент Охридски во Центар.

-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

На социјалните мрежи беше објавено дека момчето кое трагично го загуби животот е Филип кој бил дел од групата Undone. Неговите пријатели се простија од него на официјалната страна на бендот на фејсбук.

„RIP Filip најпрекрасната личност, еден од столбовите на Undone, кој е со нас уште пред да почнеме Undone и ALL the way, деновиве работеше на ново видео за The War On Love од нашиот нов епип во кој се заљуби. правејќи музика заедно, многу многу неверојатни анимации и видеа што ги направил на толку многу од песните, корити што ги дизајнирал за албу Филип замина во трагедија која не е разбирлива и никогаш нема да биде. Вистински херој. Како што вели Дарко – Вечно ќе те држиме внатре… нека“, напишаа во пораката.