среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дебранец физички нападнал полициски службеници

Дебранец физички нападнал полициски службеници

Жител на Дебар физички нападнал полициски службеници откако неговиот син бил сопрен со мопед на главната улица во градот.
-Вчера во 17.45 часот во Одделението за внатрешни работи приведени и од слобода се лишени Е.Ј.(18) и У.Ј.(55), двајцата од Дебар. Е.Ј. откако бил сопрен со мопед на улицата „Братство – единство“ во Дебар, одбил да им ги даде личните и возачките документи на полициските службеници. Го повикал неговиот татко У.Ј., кој ги попречувал полициските службеници во постапката за констатирање сообраќаен прекршок и физички ги нападнал, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека по целосно документирање на случајот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава.
Низ улиците во градот не е мал бројот на млади кои се движат со мопеди и со голема брзина, кои и во текот на ноќта ги вознемируваат жителите на градот со бучавата што ја создаваат. (МИА)