недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дедо (75) со „Југо“ удрил во старец (93) во Центар

Дедо (75) со „Југо“ удрил во старец (93) во Центар
илустрација

На 12.09.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.