понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ: Над 10 лица повредени по судирот на автобус и камион

ДЕТАЛИ: Над 10 лица повредени по судирот на автобус и камион

Над 10 лица се повредени според првичните и неофицијални информации во сообраќајната несреќа меѓу автобус и камион, која околу 13:20 часот се случи на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево.

Повредените лица се пренесуваат во велешката болница, но засега нема информации за карактерот на повредите и состојбата на повредените лица.

Полицискиот увид се уште е во тек, а сообраќајот на овој патен правец е во прекин.