среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ДЕТАЛИ ОД МВР: Познат идентитетот на загинатиот и повредените во тешката сообраќајка во Аеродром

ДЕТАЛИ ОД МВР: Познат идентитетот на загинатиот и повредените во тешката сообраќајка во Аеродром
КУРИР

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи во скопски Аеродром. Официјално, едно лице го загуби животот, а две се повредени.

Несреќата се случила 22.05 часот на крстосница на бул.„Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет.

Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.

-На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.