Во штипската Клиничка болница вчера попладнето се примени вкупно пет пациенти, информираше денеска портпаролот, Марина Шуманска. Утрово еден од пациентите е пуштен на домашно лекување, а останатите четворица остануваат на болничко лекување, од кои тројца во штипската, а еден синоќа е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.
– Во болницата имаме во моментов тројца пациенти, од кои двајца се на одделението Хирургија, а еден е на Ортопедија. Нивната здравствена состојба е стабилна, вели Шуманска.
Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште, при судир меѓу две возила почина 65 годишен маж, а пет лица беа тешко повредени. Истрагата треба да покаже, кои се причините за директниот судир меѓу двете возила.