Во четвртокот, по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина марихуана, на регионалниот пат Штип – Плачковица, кај с. Стар Караорман од страна на полициски службеници од СВР Штип бил запрен Б.С. (40) кој се движел со велосипед и при извршениот преглед кај лицето пронајдени се две најлонски кеси во кои имало марихуана со вкупна тежина од околу 3 килограми и 8 рачно изработени цигари, соопшти на денешната прес конференција Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Вчера извршен е претрес со судска наредба во домот и помошни простории на ул. Сремски Фронт во Штип каде Б.С. живее и пронајдени се повеќе најлонски вреќи со марихуанаа во вкупна тежина од околу 74 килограми и други предмети кои се фото и видео документирани и подигнати за вештачење.
-Четириесетгодишниот Б.С. е лишен од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Панајотова.