четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката на булевар „Борис Трајковски“

Детали за сообраќајката на булевар „Борис Трајковски“

Сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ и две товарни возила се случила вчера на бул.„Борис Трајковски“.

Како што информира МВР, автомобило бил управуван од В.З.(73) од Скопје, товарното возило „ивеко“ од З.Ш.(56) од с.Мирковци, скопско, а товарното возило „мерцедес“ од К.Ш.(56) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.З., а со телесни повреди се здобила и неговата сопатничка С.З., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додаваат од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.