сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за сообраќајката во Дебар во која повредени се седум лица

Детали за сообраќајката во Дебар во која повредени се седум лица

Седум лица, меѓу кои две малолетни деца, се повредени во сообраќајната несреќа која вчера во 14 часот се случи на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар.

Од полицијата денеска информираа дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „киа соренто“, управувано од Н.Ј.(43) од с.Праленик, општина Центар Жупа и патничко возило „форд фокус“, управувано од Ќ.К.(46) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Ќ.К. и М.С.(21) од с.Новак, општина Центар Жупа, сопатничка во возилото „киа соренто“, констатирани во Општата болница во Дебар. Со телесни повреди се здобиле Н.Ј. и сопатниците З.Ј.(48) и С.Ј.(27) од с.Праленик, како и две малолетни лица од Дебар, сопатници во возилото „форд фокус“, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Дебар.