недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за трагедијата кај Страцин: Познат идентитетот на загинатиот, повредено и 1 годишно дете

Детали за трагедијата кај Страцин: Познат идентитетот на загинатиот, повредено и 1 годишно дете

Министерстото за внатрешни работи информира дека вчера во 15.05 часот било пријавено дека во с.Страцин, кратовско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски таблици од Македонска Каменица, управувано од С.Ѓ.(23) од с.Саса-Македонска Каменица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.П.(47) од с.Мала Речица, тетовско.

-Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф“, В.Ј. (53) од с.Костин Дол-Македонска Каменица, а додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило В.Ј.(50), Н.Ј.(20) и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар Куманово, велат од МВР.

Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово за укажување на лекарска помош. Извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово.