петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка доживеа хорор во тетовско: Отишла на средба со поранешното момче, а тој ја претепал

Девојка доживеа хорор во тетовско: Отишла на средба со поранешното момче, а тој ја претепал

Девојка со привремен престој во Тетово, во текот на вчерашниот ден околу 12:20 часот била нападната од своето поранешно момче.

Како што информираат од МВР, Џ.Ј. (22) од с. Селце, тетовско, со привремен престој во Тетово, пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово.

Во наведеното време тие договориле средба,  Џ.Ј. се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија помеѓу нив. Во еден момент од расправијата, Ф.Н. физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото. Кога пристигнале во с. Желино таа успеала да избега, но по кратко време изгубила свест и паднала.

Кога се освестила забележала насобрани граѓани, кои случајот го пријавиле во полиција. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.