четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка тешко повредена во Гостивар, избегал возачот кој ја удрил

Девојка тешко повредена во Гостивар, избегал возачот кој ја удрил
илустрација

На 14.04.2023 во 23:10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Л.Ќ.(23) од Гостивар и патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.Ќ. констатирани во Медицински центар Гостивар. По преземени мерки возилото „голф“ било пронајдено и било утврдено дека е сопственост на лицето Б.Ч.(43) од Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.