недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Девојка заврши со тешки повреди на Клинички откако претходно паднала од мотор

Девојка заврши со тешки повреди на Клинички откако претходно паднала од мотор
илустрација

На 15.07.2022 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, Т.Д.(23) од Скопје, превезувајќи се како сопатник на мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.(24) од Скопје, паднала од мотоциклот.

Во несреќата, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.