недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Мотоциклист удрил во куче, па паднал на пат – пренесен во болница со повреди

Мотоциклист удрил во куче, па паднал на пат – пренесен во болница со повреди

На 13.08.2023 во 19.40 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, М.В.(39) од Делчево, управувајќи мотоцикл „ктм“ со италијански национални ознаки, удрил во куче, по што паднал на коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.