ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.П.(24) од кичевското село Другово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При контрола на патнички автомобил, што тој го управувал, на регионалниот пат Кичево-Битола, извршена на 24.05.2022 година, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
По изречена мерка притвор во траење до 30 дена, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Битола.