ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(32) од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
При контрола во патничко возило што пријавениот го управувал на локален пат во селото, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана што сакал да му ја продаде на А.А. од Октиси.
При претрес во домот на пријавениот, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е ќеса со марихуана.