Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и А.М. (38), двајцата од Скопје.
-Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди, информираат од МВР.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.