сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма по сообраќајка на патот Штип- Радовиш: Не му дале да повика полиција, па го претепале, му го земале „голфот“ и побегнале

Драма по сообраќајка на патот Штип- Радовиш: Не му дале да повика полиција, па го претепале, му го земале „голфот“ и побегнале

На локалниот пат село Брест-регионален пат Штип-Радовиш, вчера околу 18 часот се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило “Голф 3“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (50) од с. Брест и патничко моторно возило “Фиат Пунто“ без регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

Според пријавеното, кога Т.С. излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да го пријави настанот во полиција, физички бил нападнат од возачот и совозачот на возилото “Фиат Пунто“, кои потоа му го одзеле возилото и избегале оставајќи го нивното возило на лице место.

Одземеното возило “Голф 3“ било пронајдено во близина на с.Брест.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.