четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во скопско Трубарево: Татко си го нападнал синот со чекан и го удирал по главата!

Драма во скопско Трубарево: Татко си го нападнал синот со чекан и го удирал по главата!

На 04.06.2020 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот во с.Трубарево, скопско, Р.Б.(72) во семејниот дом со чекан го нападнал неговиот син Ј.Б.(46) и му нанел повреда на главата. Ј.Б. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош. Р.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.