петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во тетовско: Татко си го прободел синот со нож

Драма во тетовско: Татко си го прободел синот со нож

На 30.06.2019  околу 20:40 часот било пријавено дека во с.Желино, тетовско, при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23).

Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале.

Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана.

Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово.

Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.