петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дрога, куршум и монети најдени во дом во кумановско

Дрога, куршум и монети најдени во дом во кумановско

На 27.10.2022 во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Д.(37) и Е.Д.(37) од село Романовце, кумановско.

При претрес во нивниот дом во село Романовце, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, марихуана, дигитална вага, куршум и 101 стари метални монети со различна големина.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.