петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца браќа се тепале во дворот од куќата, користеле и тврди предмети

Двајца браќа се тепале во дворот од куќата, користеле и тврди предмети
илустрација

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (2 ноември) во 15 часот и 30 минути во тетовско Стенче ги лишиле од слобода Б.Р.(56) и Р.Р.(59) од ова село, кои во дворот од заедничката куќа физички се пресметувале.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во меѓусебната пресметка на двајцата браќа, според пријавеното, тие користеле и тврди предмети.

Се расчистува и документира случајот и против инволвираните во случајот ќе следуваат соодветните поднесоци.