сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца малолетници повредени во сообраќајка, 14-годишно дете возело мотоцикл!

Двајца малолетници повредени во сообраќајка, 14-годишно дете возело мотоцикл!
илустрација

На 28.11.2021 во 00:10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано „Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник од Кочани.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот 17-годишен сопатник од с.Горни Подлог, кои по укажаната лекарска помош во здравствена установа Кочани се префрлени во Клинички центар Штип.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Кочани.