недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца охриѓани се судриле со велосипеди, еден тешко повреден

Двајца охриѓани се судриле со велосипеди, еден тешко повреден
илустрација

На 15.12.2021 во 10.50 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу два велосипеди управувани од Р.М.(49) и В.К.(66), двајцата од Охрид, информира СВР Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.К. констатирани во Општата болница во Охрид.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.