петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на патот Ѓавато – Тополчани

Двајца повредени во сообраќајка на патот Ѓавато – Тополчани

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила  на регионалниот пат Ѓавато – Тополчани.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(20) од Прилеп и автомобил „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Љ.(67) с.Славеј, општина Кривогаштани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.(57) од Прилеп, сопатничка во возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Љ., констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.