петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца Срби тешко повредени, излетале со автомобил од автопатот Куманово-Скопје

Двајца Срби тешко повредени, излетале со автомобил од автопатот Куманово-Скопје

На 01.05.2022 околу 03.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопат Куманово-Скопје, атар на с.Романовце, кумановско, М.Д.(27) од Република Србија, управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“, со српски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.Ч.(23) од Република Србија, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.