четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени откако излетале со автомобил

Двајца повредени откако излетале со автомобил
илустрација

На 19.02.2023 во 14.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Чајле – Балиндол, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот С.Е. од гостиварско Чајле, излетало од коловозот, информира МВР.

Во несреќата, возачот С.Е. се здобил со тешки, а неговиот сопатник со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.