недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино
илустрација

На 03.04.2023 во 18.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Неготино се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“, управувано од Т.Р.(51) од с.Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.М.(22) од с.Сопот, кавадаречко, двете со кавадаречки регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило М.М., а со телесни повреди се здобил Т.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.