недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Двајца тетовци оштетиле полициско возило, при приведувањето им е најдена марихуана

Двајца тетовци оштетиле полициско возило, при приведувањето им е најдена марихуана

Двајца жители на Тетово на 23 и 27 години се приведени откако при преглед им била најдена марихуана, а претходно со автомобилот тие не застанале на знак на полицаец и оштетиле полициско возило. Тие се приведени на локалниот пат кон Ѓермо вчера околу 19 часот и 40 минути.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 27-годишниот А.Ј. и 23-годишниот С.К., двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Извршен е увид, а А.Ј. и С.К. се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовската полиција информираат дека вчера исто така поради најдена марихуана лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, а 42 годишник скопско Љубин, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин.