СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Д.(46) од с.Вражале, скопско и И.П.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
Пријавените, кривичните дела „разбојништво“ ги извршиле на 27.08.2022 на ул.„Ленинова“, каде од лице од Кочани со закана одзеле 30.000 денари и на 16.09.2022 кога со закана одзеле 6.300 од такси возач кој ги превезувал.
Тешката кражба ја извршиле на 19.09.2022 на ул. „Филип Втори Македонски“, каде од 77-годишник одзеле паричник.