недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка кај Драгоманце

Две лица повредени во сообраќајка кај Драгоманце

На 11.08.2021 околу 11.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“ и патот за с.Драгоманце се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „хјундаи“, со српска национална ознака, управуван од Н.Д.(39) од Република Србија и мотоцикл „томос“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(61) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот, В.К.(57) од Куманово, додека со телесни повреди се здобил И.К., констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово.