четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Две лица повредени во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

На 15.11.2021 во 14.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски гробишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(61) од с.Лакавица, гостиварско и патничко возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(37) од с.Велгошти, охридско, информира МВР.

По несреќата, сопатниците од патничкото возило „мерцедес“ се префрлени во Медицински центар Гостивар, каде кај Л.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Р. биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.