Две лица се повредени во сообраќајка која се случи попладнево во 15:40 часот, на улицата „Осми Септември“ во Радовиш.
Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила, а возачот и сопатник од едното возило се пренесени на лекување во болницата во Струмица.
На местото на сообраќајката увид извршила полицијата. (МИА)