Две лица се здобиле со повреди во сообраќајната несреќа која се случи кај Момин Поток, потврдуваат од МВР за Курир. Едното лице било пренесено во ГОБ „8 Септември“, а второто во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Засега други детали не се познати, а повеќе информации се очекуваат по завршување на полицискиот увид кој е во тек.
Според првичните информации од МВР, во несреќата која се случила на крстосница со улиците „Скупи“ и „Јадранска магистрала“, учествувале две возила.