четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица повредени во сообраќајна на патот Делчево-Македонска Каменица

Две лица повредени во сообраќајна на патот Делчево-Македонска Каменица

На 14.07.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(47) од Скопје и патничко моторно возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(46) од с.Тркање, кочанско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.М., а со телесни повреди се здобил Г.С. констатирани во Итната медицинска помош во Делчево и Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.