недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Две лица „оперирале“ во продавница во трговски центар во Центар

Две лица „оперирале“ во продавница во трговски центар во Центар

Полициски службеници вчера во 14:10 часот на плоштадот Македонија на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.И.(46) од Скопје и Р.Д.(35) од Велес.

Тие се сомничат дека од продавница во трговски центар на подрачјето на Центар одзеле производи, при што кај пријавените биле пронајдени украдените производи и вратени се на сопственикот.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.