Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје во содејство со Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, во текот на изминатата недела превземаа мерки и активности по претходно подготвени планови за спречување на социопатолошката појава „питачење“ при што лишени од слобода биле Ј.Д.(44) и Н.Ј.(30) двете од Скопје поради тоа што биле затекнати како заедно со своите малолетни деца питачат на улица на подрачјето на Скопје, информираат од МВР.
Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот ќе следат кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело“запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по чл.201 од КЗ на РСМ.