среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице повредено во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

Едно лице повредено во сообраќајка во која учествувало и возило на МВР

Едно лице се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта, а во која учествувало и возило на Министерството за внатрешни работи.

-На крстосницата од булевар „Македонско-косовска бригада“ со улица „Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Н.Б.(66) од Скопје, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.