петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Едно лице загина во страшна сообраќајка на патот Штип-Велес

Едно лице загина во страшна сообраќајка на патот Штип-Велес

Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Велес, што се случила околу 14 часот, загина едно лице.

Според информациите, несреќата се случила помеѓу автобус со велешки регистарски таблички и автомобил марка „шкода“ со скопски регистарски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во несреќата животот го загубил возачот на „Шкодата“, чиј идентитет не е утврден.

Сообраќајот на патниот правец Велес-Штип од 14:15 часот е во целосен прекин и дека сообраќајот од Штип се пренасочува преку Куманово, информира АМСМ.