петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ЕДНО МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО – останатите со лесни повреди во сообраќајка во с.Долно Соње, скопско

ЕДНО МАЛОЛЕТНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО – останатите со лесни повреди во сообраќајка во с.Долно Соње, скопско

На 17.07.2021 во 15.45 часот на ул.„8“ во с.Долно Соње, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Ќ.Б.(53) од с.Св.Петка, скопско, а другото управувано од С.А.(21) од с.Чифлик.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со повреди се здобиле сопатничките А.Б.(22) и уште едно малолетно лице, сите од с.Св.Петка, како и возачите на двете возила Ќ.Б. и С.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.