среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Форд излета од автопатот Куманово-Скопје, возачот тешко повреден

Форд излета од автопатот Куманово-Скопје, возачот тешко повреден

Возач се здобил со тешки повреди откако со својот автомобил „Форд Фиеста“ излетал од автопатот Куманово-Скопје.

Несреќата, информира МВР, се случила вчера утрината.

-Во незгодата возачот В.Т.(25) од Куманово се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додаваат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.