Утрово на автопатот Миладиновци – Штип камион кој превезувал брашно влетал во кабината за наплата на новата патарина пред Штип.
За сега нема информации за повредени во сообраќајката како и за состојбата на возачот на камионот.
Инцидентот во МВР е пријавен околу 10 часот. Според првичните информации на МВР повредени нема, а причинета е само материјална штета.