четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Пронајдена дрога при претрес во куќа во Скопје

ФОТО: Пронајдена дрога при претрес во куќа во Скопје

Синоќа (23.05.2022), по претходно добиена судска наредба за претрес на дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје Единица за недозволена трговија извршен е претрес во домот на З.В.(65) во Скопје.

За време на претресот во домот пронајдени се две паковки со амфетамин, една паковка со марихуана и вага, додека при пребарување на теренот околу куќата пронајдени се пет поголеми пакувања со амфетамин и пакувања со марихуана, закопани на различни локации.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.