понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Се зголемува бројот на пожарни возила пред Правда, улицата која води кон Рекорд затворена за сообраќај

ФОТО: Се зголемува бројот на пожарни возила пред Правда, улицата која води кон Рекорд затворена за сообраќај

Уште едно возило дојде на помош на пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат огнот кој ги зафати горните катови од зградата на Министерството за правда.

Откако со 4 возила не успеале да го локализираат огнот, пожарникарите повикале уште едно возило со скали за полесно да можат да пристапат до местото.

Според неофицијални информации пожарот е на четврти кат во зградата, а улицата која вои кон Рекорд е целосно затворена за сообраќај и истиот се пренасочува позади Собранието на Република Македонија.