четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Сообраќајка на Рузвелтова, се преврте полициско возило

ФОТО: Сообраќајка на Рузвелтова, се преврте полициско возило

Полициско возило рано утринава се преврте на улицата „Франклин Рузвелт“ во близина на Зоо Скопје.

Неофицијално, од засега непознати причини возачот изгубил контрола над возилото, по што истото се превртело на улицата.

Според првичните информации повредени се тројца полициски службеници кои биле пренесени во болница.

Утрината, со возило на Пајак службата, полицискиот автомобил беше отстранет од местото на несреќата.

Повеќе детали во текот на денот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.