среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Сообраќајка во Автокоманда, со автомобил влетал во нотарска канцеларија

ФОТО: Сообраќајка во Автокоманда, со автомобил влетал во нотарска канцеларија

Со автомобил „Опел Астра“ рано утринава влетал во нотарска канцеларија лоцирана на крстосница во Автокоманда на булеварот „Александар Македонски.“

Оштетувањето на објектот и автомобилот е големо, а за среќа возачот поминал со лесни повреди. Од МВР за Курир информираат дека несреќата е случена утринава околу 5:35 часот.

-А.Р. (29) од Скопје управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во објект лоциран на булеварот „Александар Македонски“, велат од МВР за Курир.

Лицето било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди и му е укажана лекарска помош.

Од МВР додаваат дека полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.