петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ФОТО: Тешка сообраќајка кај Катланово, повредени неколку лица

ФОТО: Тешка сообраќајка кај Катланово, повредени неколку лица
24инфо

Неколку лица, меѓу кои и деца се повредени во сообраќајна несреќа која се случила попладнево пред нaплатната рампа на патот Велес-Катланово, јавува 24 Инфо.

Повредените со возила на Итната помош се транспортираат во болниците, а полицијата врши увид.

Порталот според првични информации јавува дека во сообраќајката учествувале три автомобили и камион.

Камионот, кој пренесувал бостан, излетал од патот, но дали по судирот со автомобилите или за да ги избегне не е познато.