На 27.08.2022 околу 03:45 часот било пријавено дека пред угостителски објект во Берово по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Т.Р. од Франција од една страна и Д.Т.(28) и Т.П.(33) двајцата од с.Будинарци.
Според пријавеното, Т.Р. го удрил Т.П. со стаклен предмет.
Се работи на расчистување на случајот.