четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Фрлил марихуана низ прозорец кога забележал дека го фатиле полицајци

Фрлил марихуана низ прозорец кога забележал дека го фатиле полицајци

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.С.(22) од с.Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 08.07.2022 на регионалниот пат Струга – Охрид, полициски службеници извршиле преглед врз паркирано патничко возило, во кое биле затекнати пријавениот и двајца сопатници од с.Лабуништа, при што пријавениот низ прозорец фрлил марихуана, којa била пронајдена.

Исто така, и во возилото била пронајдена и одземена марихуана.